
март 7, 2025
Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево на ден 06.03.2025 год.(четврток) се реализираше редовна крводарителска акција предвидена за месец март.

На крводарителска акција беа собрани 99 крвни единици.
Воедно, на ден 07.03.2025год. (петок) беше спроведена и крводарителска акција во Дом на културата во Македонска Каменица.
На таа крводарителска акција беа собрани 39 крвни единици.

Благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот!